
Великанот Ацо Шопов постхумно го доби Орденот „Свети Никола“, а честа да го прими ја имаше неговата ќерка Јасмина Шопова. Со доделувањето на орденот и признанијата Свети Никола, вчеравечер во градската црква во Штип започна чествувањето на партонот на градот. Шопов го однесе убавио збор надвор од границите на Македонија, а цел живот остана приврзан за Штип – посочи неговата ќерка, па како што вели благодарна е што градот му се заблагодарува на ваков начин.
„Да беше татко ми жив на 100 години секако многу ќе се радуваше бидејќи тоа е град во кој тој пораснал, тоа е град во кој тој имал и многу тешко детство, тоа е градот за кој во поезијата има кажано дека бегал, ама не бегал од градот, бегал од секавањата на тоа тешко детство. Ама тој му беше приврзан и на градот и на тоа детство во текот на целиот негов живот како и на својата земја пред се. Голема благодарност што градот на овој начин му се заблагодарува на тој човек што кој е од тука и кој го однесе во светот, прво во Македонија, па во Југославија, и вон границите на Македонија.“ – вели Шопова.
Штипскиот градоначалник, Јорданов го додели и признанието ,,Свети Никола” на универзитетскиот професор, Зоранчо Малинов, ученикот Марио Ванчовски, Лина и Драган Костадинов и Ротари клубот – Штип.
По повод денешниот партон на град Штип, градоначалникот Јорданов во своето обраќање истакна дека Свети Никола помагал и духовно и материјално, и затоа мора да се следи неговиот пример.
Признанијата Свети Никола и Орденот се доделуваат секоја година на личности кои придонеле за развојот на градот, а наградата Свети Никола се доделува еднаш на секои пет години.
Лаура Стојанова М-Нет