Специјализации, реновирани одделенија, нови апарати – Манолева во посета на кочанската болница

Над 70 вработувања медицински персонал за само шест години, реновирани простории, набавени нови апарати за потребите на пациентите – ова се констатациите на заменик министерката за здравство Манолева која денеска беше во посета на кочанската болница. По обиколката на установата истакна дека е задоволна од промените кои се случуваат и се видливи, додавајќи дека тенденција е да се продолжи со вакво темпо на работа.

„На специјализација се 15 лекари, а дел од нив набргу ќе бидат завршени и ќе може да ги даваат своите услуги на населението во Кочани. Во болницата во изминатиот период, општествено одговорни компании и граѓани донирале многу апарати, ама обезбедена и друга опрема за потребите на граѓаните. Набавен е нов мобилен рентген апарат кој од 1 јануари треба да биде во функција. Набавено е нов ЕКГ за ИМП, реновирани се голем дек од просториите на радиолошкото одделение каде е сместен мамограф“ – вели Манолева.

Во наредниот период кочанската болница со проширена дејност ќе добие за првпат апарат за компјутерска томографија донација од Министерството за здравство. Набавка на нов апарат најави и директорката Душанка Георгиева-Трпевски.

„Кочани покрива голем регион, Берово, Делчево, Каменица… Покриени сме со рентген специјалисти кои доаѓаат од Штип втора смена “ – вели Георгиева-Трпевски

Во периодот кој следи се очекуваат голем број промени во кочаснската болница, дел од нив веќе најавени со што се работи на подобрување на услугите кои ги добиваат граѓаните од Кочани но и од крајниот Исток.

Лаура Стојанова М-Нет