
На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека извршил обљуба над малолетничка. Во координација со Јавен обвинител Г.В. е задржан во Полициската станица Делчево, против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка и во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка и јавен обвинител.