„Зборуваме гласно против насилството врз жените“ утревечер трибина во Штип

На тема „Зборуваме гласно против насилството врз жените“ утревечер ќе се оджи трибина во Штип. Целта е да се подигне свеста кај граѓаните по сите немили настани кои изминатиот период се случија во државата. Врвни професори ќе бидат дел од трибината на која ќе имаат свое излагање, за да не се повторат настани како случајот со малата Вања, настанот во Карбинци или пак свирепото убиство на жената во Кочани пред два месеца.

„Би сакала да ја информирам јавноста дека утревечер во 19 часот во салата на советот на Општина Штип ќе се одржи трибина на тема „Зборуваме гласно против насилството врз жените“. Со оглед на последните случувања, убиството на Вања, настанот во Карбинци и свирепо убиство пред два месеца на жената во Кочани сметаме дека насилството е многу присутно во нашето општество и настани од ваков тип се повеќе од неопходни.“ – вели Серафимовска.

Во оваа прилика Серафимовска ги покани граѓаните да бидат дел од трибината и да се подигне свеста кај граѓаните. Денеска се на случајни минувачи се поделија и флаери со цел поголем дел од граѓаните да присуствуваат и да бидат дел од трибината.

Лаура Стојанова М-Нет