
Првиот италијански тренер во Првата македонска фудбалска лига си заминува од тренерското столче во струмичкиот прволигаш поради лошите резултати.
Раководството на клубот и Валенти го договориле прекинот на договорот, а на последниот натпревар од есенската полусезона на клупата ќе седне Ѓорги Стојчев, кој и во минатото беше на тренерското столче на овој клуб, тогаш како Академија Пандев.
Со заминувањето на Валенти си заминаа и неговите помошници Микеле Кавали и тренерот на голманите Алесандро Пегорари.
Во следниот период клубот ќе работи на ангажирање на ново тренерско име.
Брера Струмица има скор од пет победи, пет ремија и седум порази и со 20 бодови се наоѓа на осмото место на табелата. Во последното есенско коло Брера ќе биде домаќин на лидерот Шкупи.
АВТОР: Александар Ванев