
Со работилница на тема „Сонце “ учениците од Државното средно училиште Искра од Штип и соработка со вработените, штипската библиотека Гоце Делчев го одбележа 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попречености. На настанот децата беа дел од работилнициата со цел да се гради едно инклузивно општество и на тој начин и лицата и деца со попречености да бидат еднакви во сите свери од општеството, вклучивајќи образование, спорт, култура. Новиот директор на штипската библиотека, Тамер Јамаковски посочи дека на ваков начин се раѓа надеж за надминување на сите предрасуди во општеството.
„Денеска НУУБ „Гоце Делчев“ Штип го одбележува 3 Деекмври – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Денеска ние вработените во библиотеката со посета од училиштето „Искра“ сме дел од една работилница на тема Сонце која треба да ни даде надеж и оптимизам дека ние ќе градиме едно инклузивно општество во кое ќе се надминат предрасудите и сите овие лица ќе имаат еднаква можност за пристап до култура, образование, спорт“ – вели Јамаковски.
Меѓународниот ден на лицата со попречености беше одбележан и во петокот на 1 декември од страна на училиштата и општината во Штип. Во сите активности целта беше единствена да се подигне свеста кај граѓаните, да се прифатат лицата и децата со попречност во општеството, да бидат еднакви и на таков начин да се изгради едно инклузивно општество за сите.
Лаура Стојанова М-Нет