Во живо на М Нет Спорт мега пресметката меѓу Шкендија Арачиново и Фортуна од 13:30 часот

фото: М Нет-ТВ

Денес продолжуваат натпреварите од 13. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север. Гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе имаат ексклузивна можност да ја проследат во живо преку директен пренос мега пресметката меѓу Шкендија Арачиново и Фортуна. Дерби на второпласираната и третопласираната екипа во борбата за првото место кое води во баражот за можен пласман во Втора лига.

Лидер на табелата е Куманово со 31 бод кој вчера играше со Башкими Љуботен, Шкендија е втора со 30 бодови, а пак Фортуна е трета со 29 бодови и практично овие екипи водат тесна и неизвесна борба за освојување на првото место.

Денешното дерби меѓу Шкендија и Фортуна може да се покаже и како клучно за првото место, каде и двете екипи силно ги посакуваат трите бодови. Евентуално реми најмногу ќе му одговара на Куманово, а на реми на утрешната мега пресметка ќе се надева и некогашниот прволигаш Еуромилк, кој како четврти со 26 бодови ќе влезе во сериозна трка за првото место.

Иле Никодиноски ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Филип Ицковски и Стефан Стојановски. Преносот на спортскиот канал М Нет Спорт ќе започне во 13:30 часот.