Групна тепачка во работилница во Штип, приведено едно лице

фото: архива

На 01.12.2023 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Н.(32) и ги повикале на службен разговор Е.И.(29) и Е.Д.(44) сите од Штип. Тие се сомничат дека на 30.11.2023 со уште неколку лица во работилница во Штип физички ги нападнале сопственикот Р.К.(66) и Г.Ј.(41), С.А.(64) и А.А.(25), сите од Штип, при што употребиле дрвени и метални предмети. Се работи на целосно комплетирање на случајот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.