Поставени 11 контејнери за селекција на електронски отпад во центарот на Штип

Поставени 11 контејнери за селекција на електронски отпад во централното градско подрачје во Штип. Контејнерите се донација од скопска фирма, а целта е електронскиот отпад кој е опасен да не се меша со комуналниот отпад. Тенденција е вакви контејнери да се постават и на други локации во Штип.

„Во централното градско подрачје беа поставени контејнери за селекција на електронски отпад и на отпадни материи. Контејнерите се донација од скопска фирма во соработка со Општина Штип. Првично поставивме 11 контејнери на повеќе фрекфентни локации во центарот на Штип, се надеваме дека во иднина ќе бидат поставени и на други места за да можат граѓаните да го одлагаат овој тип на отпад и да не се меша со комуналниот отпад.“ – вели Везенков.

Праксата од претходно покажува дека граѓаните го мешаат отпадот и за да се смени ваквата слика на терен се поставени новите контејнери. Со поставувањето на контејнери, но и со акциите за подигање на свеста кај граѓаните почнувајќи од најмалите се работи за почист град.

Фирмата која ги донираше контејнерите ќе го презема отпадот и понатаму ќе го складира. Од Општина Штип посочуваат дека придобивките од ваквите активности ќе бидат забележани во периодт кој следи.

Лаура Стојанова М-Нет