Отворен првиот клуб на жени пензионерки во Кочани

Отворен првиот клуб на жени пензионерки во Кочани. Целта за отворање на ваквиот клуб е жените пенизонерки поголем дел да минуваат во дружење, заеднички да разгледуваат свои идеи и новини. На таков начин велат ќе се продлабочи соработката и со останатите активи на жени во државата, како и со здруженијата на пензионери во Македонија.

„Досега сме учествувале на повеќе манифестации на активи на жени, бевме на Зелкникот на баба во Пробиштип, во Велес како и на многу други манифестации кои се организираат од активот на жени од останатите градови.“ – вели Манасиева.

Одзивот на жени пензионерки беше задоволителен, односно голем број пензионерки се одзваа на повикот да бидат дел од новиот клуб на жени пензионерки од Кочани. Клубот ќе биде отворен секој петок од 16 до 18 часот.

„Овој клуб до сега многу ни недостадсуваше, а денес го пуштивме официјално, гледам дека одзивот на жените е многу голем. Целта на клубот ќе биде жените да се дружат, да си помагаат меѓу сега. Клубот ќе биде отворен секој петок по два часа од 16 од 18 часот.“ – вели Зафирова.

Клубот на жени пензионерки во Кочани се отвора по примерот на вакви клубови во дел од останатите градови во државата со кои имаат соработка.

Лаура Стојанова М-Нет