
Возот на релација од Скопје до Кочани и обратно не се обраќа веќе подолго време, железниците стојат празни, пругите обраснати со трева. Ваквата ситуацијата во Истокот од државата е загрижувачка, оти граѓаните се потретко одбираат да се возат со воз. Причини има повеќе, а веќе подолго време никој не инвестира во македонските желензици. Дека на Истокот му е потребен воз е заклучокот од регионалната иницијатива „Ајде да патуваме со воз“ која се одржа викендов во Скопје.
„Зборувам за пругата Штип Велес Кочани, истата била оператива дури во втората светска војна кога биле направени инвестиции од страна на тогашната бугарска управа. Потоа направени се инвестиции во 60 и 70 години од минатиот век со тоа што се санирани пругите, но од 90 години па наваму нема инвестирано во македонските железници“ – вели Каровски.
Заедно сме посилни посочи на средбата генералниот сектетар од Грција кој додаде дека мора да се направи притисок за да се подобри железничката мрежа во државата.
„Факт е дека железницата во сите наши држави од регионот е во многу лоша состојба и токму од таа точка тргнавме мотивирани да се здружиме за заедно да направиме притисок и да поттикнеме иницијатива кај нашите влади да се работи на подобрување на железничката мрежа, нејзиниот квалитет и модернизација. Заедно сме посилни и регионот треба да има вакви регионални иницијативи почесто, на повеќе теми и на повеќе нивоа. “ – Геростергиу.
Дека државите само регионално можат да го надминат ваквиот проблем согласни се и од Главниот одбор на Зелена Младиина на Србија.
„Во претходните 20 години гледаме дека железничките линии по цел Балкан се распаѓаат и сваќае дека единствен начин да ги поправиме е регионално оти во изолација не може ниту една самостојно.“ – вели Марковиќ.
На модулот во Скопје говореа и експерти за железници од Германија, Србија и Македонија, а откако ќе бидат детектирани сите пропусти и проблеми, CDN ќе излезе со конечен документ за тоа како би се воспоставиле одново железниците како достоен сообраќај на ниво на целиот Балкан.
Лаура Стојанова М-Нет