Одземен автомобил во радовишко, 26-годишник го управувал со таблички од друго возило

фото: архива/илустрација

На 18.11.2023 околу 17.00 часот во с.Тополница, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш извршиле контрола на патничко возило „мазда“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Е.А.(26) од с.Тополница. При контролата било констатирано дека на возилото биле поставени регистарски таблички од друго возило. Возилото било одземено и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.