ОФЛ Тетово: Високи победи за Скендербеу, Беса и Доброшти, победа и за лидерот Вeлазерими

Во неделата беа одиграни натпреварите од 8. коло од Општинската фудбалска лига во Тетово односно Четврта лига. Висока победа од 5:2 забележа екипата на Доброшти која на домашен терен беше подобра од Вардар 2022 од Брвеница, а високи победи забележаа и Скендербеу кој со 4:2 го доби Мергимтари на домашен терен, како и Беса од Челопек која беше подобра од Или.

Шарри на домашен терен загуби од лидерот Велазерими од Слатино, минимална победа забележа и Ес на гостувањето кај Пирак, а победа од минимални 0:1 забележа и Руфеја која беше подобра од Јехона.

Во рамки на 8. коло слободна беше екипата на Ренова.

Во однос на табелата Велазерими е лидер со 19 бодови, второто место го делат Доброшти и Ес. Руфеја е на 4. место со 14 бодови, а пак Вардар до Брвеница е на 5. место со 13 бодови. Со по 11 бодови Шарри, Пирок и Беса од Челопек го делат шестото место на табелата.

Скендербеу е на 10. место со 9 бодови, четири бода има Јехона која е на 11-тото место, на претпоследното место со три бодови е Мергимтари, а пак Или е последен без бодови.