
Штип да стане Европски град на спортот, општината аплицираше за Штип да ја добие оваа титула за наредната година. Денеска и во наредните два дена преставници од Чешка и Бугарија ќе посетат дел од спортската инфрастуркутра во Штип и ќе се запознаат со активностите повразни со спортот, по што ќе следува и оценување.
„Во насока денес во посета на општина Штип се членови на комисијата ACES кој е партнер и ќе ги погледнат состојбите на Штип, спортската инфраструктура и активностите поврзани со спортот. Она кое што можеме да го презентираме е пред се спортската инфраструктура која ја имаме на теритроија на Општина Штип, спортските активности кои ги преземаме“ – вели Јорданов.
Од комисијата за евалуација на спортот потенцираа дека првиот впечаток за Штип е висок, но по посетите во наредните два дена ќе се даде конечна оценка. За најмногу две недели ќе биде познато дали Штип ќе ја добие титулата Европски град на спортот.
„Комисијата денес и утре ќе ја изврши посетата, и утре по посетата на сите објекти и целата програма ќе направиме оценување и за време од една до две недели ќе бидат објавени резултатите. Важни се сите критериуми оти ја опфаќаат целата специфичност на спортот, професионалниот спорт, превенцијата и интегрецијата, спорт за млади, за возрасни за сите области во општеството. Не е само инфраструктурата за нас важни се сите критериуми.“ – Диков.
Се повеќе граѓани активно да се вклчучат во спортот, од млади до возрасни сите да практикуваат спорт – со ваква идеја се од комисијата за доделување на титулата. Важна е инфраструктуртата велат, ама не изостануваат и останатите критериуми кои треба да се исполнат за Штип да стане европски град на спортот за 2024 година.
„Критериумите по кои ќе се оцени Штип, ја има честа што капацитетите се големи, јас споменав за универзитетот, за младите луѓе. Она што е предност е презентацијата која ја видовме од одмаќините дека Штип има големи постигнувања што е дел од нашата номинација. Инфраструктура, зошто таа е важна во развојот на спортот – е за да може наредната година се повеќе и повеќе граѓани да бидат опфатени со спортот. Јас не можам да кажам дали Штип е подобар или полош, ама можам да клажам дека има голем потенцијал за што луѓето кои се жители имаат потреба да го практикуваат спортот на сите нивоа.“ – додава Илиев.
Штип е вториот македонски град кој аплицирал за ваква титула. Пред пет години аплицираше Куманово и ја доби титулата Европски град на споротот за 2019 година.
Лаура Стојанова М-Нет