Поттик и поддршка за македонците надвор од државата – одржана семакедонска средба во Штип

Обединување, поддршка на македонците во Албанија, но и останатите држави од дијаспората, и пред се дружба, одржана традиционалната средба на македонците од Егесјка Македонија во Штип. Само на ваков начин се покажаува дека македонците надвор од државата не се заборавени.

„Ова значи поттик и поддршка, да знаат дека не се заборавени, ние даваме поддршка од цела Македонија на македонците во Албанија, во Бугарија, во Грција, Србија и Косово. Мислам дека со вакви средби се прави напори да се обединеме“ – вели Димков.

Во меѓувреме од ОМО Илинден тврдат дека македонците во Албанија ги немаат основните права, немаат училишта и македонски цркви. Тој најави дека ќе отвори македонски клуб во Благоевград во сопствената гаража, а за тужбите и понатаму се вртат во круг.

„Ние македонците во Пиринскиот дел сме поробена пиринска Македонија и сме како роби на бугарите без права на нашата основна, духовна, православна и јазична слобода. Немаме право на училишта, цркви и тоа е основен проблем.“ – вели Иванов.

Македонците во Албанија сметаат дека Пописот на население во оваа земја, кој завршува на 15 ноември е нелигитимен и спроведен под закани од Бугарија. Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција вели дека упатиле барање до институциите во Тирина пописот во Мала Преспа да продолжи. Во текот на овој процес Македонците добивале закана со бугарските пасоши, кои во случај да се изјаснат како Македонци ќе им бидат одземени или на апликантите воопшто и нема да им бидат доделени.

Во рамките на Семакедонската средба имаше и изложба на документи од Стерјовски, во кои има сведоштва на Македонците кои живеат во Албанија, но и за постоењето на македонската нација.

Лаура Стојанова М-Нет