Миле Петков е избран за нов претседател на Советот за развој на Источниот плански регион

Градоначалникот на Виница, Миле Петков, е избран за нов претседател на Советот за развој на Источниот плански регион. Одлуката е донесена на тринаесеттата седница, која се одржа во Кочани, во салата за состаноци во општинската зграда. Петков доби мандат од една година, сметано од 21 ноември 2023 година. Тој доаѓа на местото на актуелниот претседател на Советот, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, бидејќи со законските измени од 2021 година, претседателите на советите за развој на планските региони имаат мандат од една година, без право на повторен избор.

Инаку, на седницата Советот ги усвои измените на финансискиот план на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2023 година; донесе одлука за преотстапување на изградениот објект „Партерно уредување во склоп на објектот Дом на млади – Штип”; а го донесе и Правилникот за плати и надоместоци на вработените во Центарот за развој на Источниот плански регион.

Ребека Спасова М-Нет