Дваесетина дечиња сликаа на тема „Мојот град“, ликовните дела изложени во Домот на култура

Градската црква „Св. Никола“, Саат кулата, ЗОО Паркот „Бриони“, Градскиот музеј, Безистенот се само дел од мотивите кои се најдоа нацртани на платно од рацете на малите, а умешни ликовни уметници од Ликовното студио при штипскиот Дом на култура. Дваесетина дечиња насликаните ликовни дела ги изложија во рамки на ликовната изложба насловена „Мојот град“, а по повод Денот на ослободувањето на Штип.

Многу таленти и многу успешни ликовни творби за овие три години има Ликовното студио, вели нивната професорка, Верица Наумова. Посочува дека за изложбата се подготвувале околу еден месец, а вредните и умешни раце на децата веќе подготвуваат и нови изработки за следната изложба.

Директорот на штипскиот Центар за култура, Горан Трајков, посочи дека нема подобар начин да се одбележи Денот на ослободувањето на градот. Целта на Ликовното студио кое работи во рамки на Центарот е да ги афримира дечињата како надежни уметници, а кои денеска ги промовираат убавините на градот.

Изложбата „Мојот град“ која ја подготвува Ликовното студио по овој повод е втора по ред. Досега освен овие две, децата кои цртаат под менторство на професорката Наумова ги имаат подготвено и изложбите „Цвеќиња“ и „Надреализмот како личен израз“.

Ребека Спасова М-Нет