
Уште еднаш хуманоста на Александар Ѓорѓиевски од Штип покажана на дело. Семејството на младата Катерина која два ипол месеци беше оставена бремена без корка леб со своето дете денеска доби хуманитарна помош од Александар. Храна, средства за хигиена, облека за малата Илина, средства за живот за наредните два до три месеци.
„Како што ветив вчера на својот фејсбук профил ќе се потрудам за 24 часа да и обезбедам се што им е потребно. Еве за два три месеци памперси е обезбедено, храна и е обезбедено, облека повеќе од доволно“ – вели Ѓорѓиевски.
Катерина живее во куќата на нејзиниот татко, вели помош веќе добива од повеќе страни, и е доста благодарна од граѓаните кои ја покажуваат својата хуманост на дело. Потребни се и дрва за огрев за престојна зима со цел да може да се создадат услови за живот за неа и нејзината ќерка.
„Овоа значи многу за мене оти знаете и само дека два ипол месеци немав ништо. Таткото го нема уште. Голема благодарност до Александар и до сите што ми помагаат. Имам потреба од памперси и млеко за детето.“ – вели Донева Винкова.
Благодарна за помпшта е и мајката на Катерина. Со созли во очите вели животот со девет илјади денари пензија е повеќе од тежок. Едвај сврзуваат крај со крај. Вели не бара за неа, но повеќе од потребна е помош за нејзината ќерка и нејзните внука.
Катерина има потреба од храна, средства за хигиена и облека за нејзинита ќерка. Во ек на зимската сезона потенцира дека повеќе од потребни и се дрва за огрев.
Лаура Стојанова М-Нет