Стационарот во Штип – нова тема за препирки меѓу власта и опозицијата

Во својата предизборна програма Јорданов и ДПМНЕ ветуваа изградба на достоинствено место за престој на уличните животни, односно унапредување на условите на постоечкиот стационар и подобрување на условите во зоолошката градина. Рокот помина, а реализација на проектите нема потенцираа денеска од ОО на СДСМ Штип. Додаваат дека Јорданов ги злооупотребува најмалите за да ги промовира подобрените услови во ЗОО паркот Бриони.

„Рокот предвиден за реализација на овие проекти во изборната програма на Јорданов одамна помина, односно требаше да бидат реализирани до крајот на 2022 година.

Наместо реализација на овие проекти, Јорданов и ВМРО ДПМНЕ дозволија веќе постоечкиот стационарот за престој на бездомни животни да се руинираат и пропаѓаат, а бројот на бездомните животни на улиците на Штип секојдневно расте.

Штипските улици стануваат небезбедни поради несоодветниот третман на уличните животни, а притоа општината исплаќа и голем износ на средства по основ на тужби од нападнати граѓани.

Апелите и барањата на граѓанските организации кои се залагаат за благосостојба на животните поврзани со несоодветните услови -живеалиштата во ЗОО паркот Бриони, меѓу кои последен беше случајот со малата лисица, Јорданов и ДПМНЕ целосно ги игнорираа и преку настани организирани во ЗОО паркот се обидува да манипулираат, сакајќи да прикажат дека граѓаните се задоволни од условите во зоолошката градина.“ – велат од СДСМ.

СДС наместо да се занимава со со проекти за граѓаните својата неспособност ја прекриваат со секојдневни прес конференции одговорија од Општина Штип.

„СДС како партија на централната власт наместо да се занимава како да ги зголеми пензиите, да ги подобри условите во здравството, да ја доврши клиничката болница во Штип и да најде решение за економскиот колапс во кој што се наоѓа државата, секојдневно нивната неспособност ја прикриваат со дневно политички прес конференции. Кога веќе зборуваме за стационар, да ги потсетиме дека нивен градоначалник, а сегашен министер за транспорт и врски, напразно има потрошено 3 милиони денари народни пари за стационар кои беше затворен од АХВ поради немање основни услови регулирани според Законот за заштита и благосостојба на животните.“ – велат од општината.

Лаура Стојанова М-Нет