Со свечена манифестација одбележана 80 годишнината од смртта на Вита Поп Јорданова

Со едноминутен молк, рецитал, положување свежо цвеќе, денеска се одбележа 80 годишнината од смртта на Викторија Поп Јорданова. На спомен бистата кај Основниот Суд во Штип преставници од Локалната самоуправа, делегации, пријатели оддадоа почит за смртта на Вита која својот живот го положила на Скопска Црна Гора во мисија за ослободување на македонскиот народ.

„Го одбележуваме денот кога таа на планината Шара падна погодена од куршум, падна таа но кај нас остана духот на борецот и револуционерот за слободна Македонија. Загина во Скопска Црна Гора минувајќи ги највисоките стрмни врвови на Шара извршувајќи ја наредната на штабот на НОБ.“ – вели Мицевски.

Во 1941 доаѓа во Штип со нејзиното семејство и веднаш се вклучува во Народно ослободителната борба и се покажува како одличен борец и револуционер. Со своето однесување станува пример во градот и личноста која е доста следена за се што прави.

Викторија Поп Јорданова е родена на 2 јули 1924 година во петровец во семејство на Софија и Петар Поп Јорданови. Својот трнлив пат почнува да го оди уште од ученички денови кога била прогонувана од едно во друго училиште. Својот живот го губи пред да ја види слободна својата држави својот народ.

Лаура Стојанова М-Нет