Ѓеорѓијев: Лифтот на физикална ќе се стави во функција наредната година, ќе се реконструираат и тоалетите

За поголеми инфраструктурни зафати особено на зградата на физикална терапија треба да се вклучи Министерството за здравство, истакна денеска директорот на КБ Штип, доктор Ален Ѓеорѓијев. Како што посочи главен акцент се става на неопходните работи во болницата, како кадар, греење, храна. Зградата на физикална вели е голем залак за болницата и Буџетот со кој располага.

„Тоалетите кои се во план да се реализираат во декември, ќе ни заврши тендерот за техничко работење. И објектот на физикална медицина како и целата болница знаете дека е повеќе од половина век стар. Бидејќи се гради нова болница нашиот акцент е ставен на кадарот и на оние работи кои се неопходни за работа, еве, нови апарати, лекови, нафта, греење и слично. “ – вели Ѓеорѓијев.

Дополнително лифотот стар повеќе од половина век не може да се поправа, а за нов се потребни 70 илјади евра. Ѓеорѓијев вели на овој сериозен зафат може да се работи наредната година и со тоа лифотот да се стави во употреба.

„Не се работи за дефект на лифтот бидејќи оние сервисери кои дојдоа рекоа дека тој лифт е премногу стар и веќе никакви поправки и ситни работи не можат да го стават во функција, туку треба комплетно да се направи ноф лифт со нова кабина. Ни дадоа понуда, цената на чинење е над 70 илјади евра, оваа година не ама сметам дека наредната година и тоа ќе го ставиме во план“ – додава Ѓеорѓијев.

Во меѓувреме, од претходниот петок во функција е ставена магнетна резонанца која не работеше подолг временски период.

Лаура Стојанова М-Нет