Проекти во вредност од над 420 милиони денари, градоначалникот на Делчево со отчет за сработеното

Во Делчево се инвестираат проекти во висина од над 420 милиони денари со гордост исткана градоначалникот Горан Трајкивски на денешната прес конференција, на која ја презентираше работата на Делчево во изминатите две години. Во Општината се реализираа капитални проекти, ветувани со години, и докажавме дека со домаќинско и посветено работење може еден град како Делчево, да добие современ градски пазар по теркот на големите градови – посочи Трајковски.

Ја започнавме изградбата на новата детска градинка во населба Расадник; во полн ек е изградбата на пречистителна станица за вода за пиење, изградбата на водоводите во селата Ѕвегор и Габрово, завршиме со реконструкцијата на водоводната мрежа и замената на старата дотраена азбестна инсталација со нова пвц-инсталација со што го решаваме проблемот со квалитетот на водата за пиење и ги превенираме дефектите на водоводната мрежа; паралелно градиме и реконструираме улици; за прв пат се асфалтираше стариот пат Делчево-Тработивиште; го реконструиравме локалниот пат за с. Стамер и регионалниот пат за с. Разловци-одбран, како наш приоритет и по наше барање до ЈПДП.“ – вели Трајковски.

Во почеток на реализација се уште доста капитални проекти, а се подготвува техничка документација за нови проекти, дециден е Трајковски. Како што потенцираше сите овие проекти водат кон подобрување на квалитетот на животот граѓаните во Делчево и го менуваат ликот на градот.

„За да нас е тежок период, обременет со здравствена, но и енергетска и економска криза. Но, исправени бевме и пред елементарните напогоди, посебно поплавите кои уништија дел од инфраструктурата во градот, а се заканија и по имотот на граѓаните. Одговоривме максимално со сите расположиви ресурси за да го вратиме животот во нормала, добивме значајна поддршка од Владата за да ја санираме оштетената инфраструктура. Но, продолживме со исто темпо во дореализацијата на проектите и посветено решавме децениските проблеми заборавени од сите претходни власти. Свесен сум дека има уште за работа, но со еден плански пристап, полека ќе ги затвораме отворните прашања.“

Приоритет и во овие 24 месеци остануваат инфраструктурните проекти изградба на капитални објекти кои ќе останат за генерации и генерации во иднина, посочи Трајковски. Додаде дека и во наредниот период продолжуваат по истиот терк – за да ја оствари визијата Делчево –европско со сите нишани и задоволни граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет