
Брегалница ја забележа најубедливата победа во осминафиналето од Купот на Македонија откако со 11:0 го елиминираше третолигашот Јанг Тим.
Иван Глигоров беше стрелец на пет погодоци на средбата одиграна на Градскиот стадион во Штип. Канформ беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Ѓорѓиев, Колев, Вебстер и Димитриевски.
Тиквеш во финишот го доби „Братското дерби“ со Пелистер, откако со минимални 0:1 обезбеди четвртфинале од Купот со голот на Даниел Мојсов постигнат во 86. минута.
Шкупи со сигурни 4:0 го доби Охрид и обезбеди лесно пласман во следна фаза. Натпреварот се одигра на теренот на ФК Петровец, а по првите 45 минути резултатот беше 1:0 за прволигашот. Феитоза Сампаио на полувреме погоди за 1:0 на полувреме, а во финишот на вториот дел Трапановски, Да Силва и Младеновски постигнаа погодоци за конечни 4:0.
