
Прекрасни знаменитости, топол народ, прекрасен град за помалку од 24 часа поминати во Штип, Микица Петронијевиќ од Србија задоволен го продолжува своето патување пеш кон манастирот Хиландар во Грција. Откако вчера беше пречекан од страна на хуманитарецот Александар Ѓорѓивески, прошетаа на неколку локации во градот, се запозна со народот и традицијата на Штип утринава го продолжи своето патување кон Грција.
„Можам да кажам дека градот е преубав. Благодарен сум на мојот пријател Александар што ова кратко време го искористивме да видам барем дел од знаменитостите во Штип. Се она што го видов многу ми се допадна и се надевам дека во иднина ќе имам прилика да дојдам повторно и да поминам повеќе дена со овие прексрасни луѓе и овој прекрасен град. Сакам да и се заблагодарам и на противпожарната единица Штип, чија мајца ја добив како поклон и радосен сум што ја носам. Благодарен сум и на сите други пожарникари во Радовиш и Струмица кои ќе ме примаат и ќе ми помогнат одејќи кон мојата идна дестинација кон манастирот Хиладар во Грција.“ – вели Петронијевиќ.
Пожарникарите од Штип, но и од Радовиш и Струмица продолжуваат да помагаат со цел Микица безбедно да стигне до македонски – грчката граница. Како што посочи Ѓоргиевски со само еден повик е организиран пречек и во Радовиш и во Струмица.
„Прво и најбитно за мене се покажавме како добри домаќини кон гостинот. Второ моите колеги пожарникари од целиот регион Радовиш, Стримица со еден збор се ставија на располагање дека ќе биде пречекан и ќе има каде да биде сместен. Човекот до македонска граница е обезбеден со се.“ – додаде Ѓоргиевски.
Микица на ова патување пеш тргна на 27 септември на празникот Крстовден, а крајна дестинација е Грција. Патува веќе 24 ден низ Србија и Македонија, а целата е да се подгине свеста кај граѓаните за децата и лицата со аутизам.
Лаура Стојанова М-Нет