
Издигнати пешачки премини кај СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип е решението со цел да се намали брзината на движење на автомобилите, а со тоа да се зголеми и безбедноста за учениците. Зона за смирен сообраќај овде делумно има, па како што велат од одделението за сообраќај при Општина Штип се изнаоѓаат решенија со цел да се намалат не саканите несреќи на влезот во градот.
„Со оглед на тоа што училиштата се зона на смирен сообраќај. Во овој случај СОУ „Коле Нехтенин“ се наоѓа на магистрална улица односно булевар – овде зона на смиерн сообраќај практично и да не можеме да направиме. Но, со одредени сообраќајни решенија делумно е постигната таа зона на смирен сообраќај. Но, после настанот кој се случи предвидуваме да се направат издигнати пешачки премини со што дополнително ќе се намали брзината на возилата кои излегуваат од кружниот тек и се упатуваат кон влезот на Штип“ – вели Мијалкова-Судиќлиева.
Средношколците велат дека внимаваат ама треба да внимаваат и возачите согласни се. Мора да се најде решение за да се намали брзината на движње на возилата и да се зголеми безбедноста на учениците.
Освен на оваа локација решенија за зголемување на безбедноста во сообраќајот се бараат и на неколку други критичбни точки во градот. Градоначалникот Јорданов посочи дека конкретно пред ова училиште присуството од страна на полициски службеници треба да биде зголемено.
„Дополнително како општина размислуваме за зголемување на безбедноста во сообраќајот и на други локации во градот каде имаме нотирано небезбедност. Ќе истакнам неколку локации како на пример населбата Сењак, Старото нервно одделение и некои други локации“ – вели Јорданов.
Инаку, по социјалните мрежи кружат статуси на оваа локација да се направи надвозник со кој би се зголемила безбедноста на пешаците, но од Општината посочуваат дека ваквото решение нема да ги даде посакуваните резултати.
Лаура Стојанова М-Нет