Од понеделник слепите лица сметките за вода од ЈП Исар ќе ги добиваат на Брајово писмо

Од понделеник слепите лица кои го користат Брајовото писмио сметката за вода и комунален отпад од ЈП Исар ќе ја добиваат на Брајово писмо. Ова како одлука падна на денешниот настан по повод одбележување на денот на Белиот стап. За првпат во државата во Штип ќе се вовоеде ваква пракса слепите лица сами да може да прочитаат колку вода потрошиле и колку треба да платат.

„Со денешната средба поповод 15 октомври со Кирил Зајков се договоривме за лицата кои го познаваат Брајовото писмо и кои можат да се служат со него да ги изготвуваме месечните сметки за потрошена вода или кумунални услуги на Брајово писмо за да може они самите да видат колку потрошиле, колку треба да платат и слично“ – вели Витанов.

Одлуката е во соработка на Здружението на слепи лица Штип и Јавното претпријатие Исар. Директорот Кирил Зајков посочи дека ова е од големо значење и за нив и дека веќе од понеделник лицата кои го познаваат Брајвото писмо сметките ќе ги добиваат на Брајово писмо.

„Ова за нас значи многу бидејќи ние сме како јавно претпријатие насочени кон граѓаните и реализирање на сите нивни барања и ова што денеска е договорено веќе од понеделник ќе го практикуваме. Сите лица кои ќе бидат доставени од здружението до претпријатието сметките ќе бидат издвоени и ќе бидат напишани на Брајово писмо.“ – вели Зајков.

Во однос на користењето на Брајовото писмо на документи во јавните институции, Витанов вели дека нема потреба оти многу е мал бројот на лица кои го знаат истото.

„Нема потреба оти многу мале бројот на лица кои го користат Брајовото писмо.“ – вели Витанов.

Училиштетото во Скопје кадешто се изучува Брајово писмо има се помал број ученици односно лица со оштетен вид, дециден е Витанов.

Лаура Стојанова М-Нет