
Голема трагедија во македонскиот фудбал, почина младиот тренер на третолигашот Шкендија Арачиново, Мерван Илјази.
Клубот со жалење информираше дека Илјази не ја издржа битката за својот животот, откако несреќно беше погоден од залутан куршум за време на семејна прослава.
Долго време се бореше за својот живот, но не успеа во таа борба.
Во својата кариера 31-годишниот тренер беше кормилар на Башкими Љуботен во период од 9. ноември 2022 година до 14. јуни 2023 година, додека пак како шеф на стручен штаб на Шкендија Арачиново беше назначен на 30. август годинава.
Денешниот натпревар од вонредното 5. коло во Трета лига – Север меѓу Шкендија Арачиново и Риниа започна со едно минутномолчење во чест на Илјази.