
Промовирана новата книга „Да се убие себе во себе“, од магистер Доне Донев. Вчеравечер во салата во Центарот за култура Бели мугри во Кочани присутните имаа можност да се запознааат со петте монодрами кои се содржани во самата книга. Сите пет монодрами се изведени повеќе од 400 пати пред голем број публика, вели самиот автор.
„Петте монодрами се посветени на Ацо Караманов – најмладиот македонски поет загинат во НОВ, монодрамата се вика „Јас сакам да станам поет“. Втората монодрама е посветена на најмладиот гимиџија од Велес – Милан Арсов. Третата монодрама се вика „Мегникот“ и е посветена на македонскиот деец при крајот на 19 век и почетокот на 20 век Крсте Петков Мисирков. Четвртата монодрама е посветена на Цар Самоил, петатта монодрама е посветена на македонскиот револуционер Методија Андонов Ченто“ – вели Донев.
За претставата ,,Да се убие себе во себе“ (за првиот претседател на Македонија Методија Андонов Ченто), авторот Донев е добитник на Наградата од публиката на Осумнаесеттото издание на интернациналниот фестивал на кој имаше учесници од Албанија, Грција, Франција и Македонија.
Лаура Стојанова М-Нет