
Продолжуваат фудбалските возбудувања од дефинитивно најнеизвесниот и најголем третолигашки регион Север со натпреварите од 4. коло.
Гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе имаат ексклузивна можност да уживаат во најголемото дерби на двата најголеми конкуренти за прво место во Третата лига – Север, дерби меѓу Куманово и Шкендија Арачиново.
Двата најголеми ривали и први фаворити за првото место кое води во баражот за Втора лига денес со почеток од 15 часот на фудбалскиот терен во село Доброшане, кумановско, ќе се соочат во меч каде трите бодови се силен императив и за двете страни.
Куманово предводен од Даниел Стојановски е перфектен со максимални 9 бодови на своето конто и единствен тим кој се уште нема примено погодок, а има постигнато 10 погодоци. Шкендија е со скор од две победи и еден пораз, а опасност за одбраната на Куманово ќе биде ефикасниот напад на Шкендија кој има постигнато 15 погодоци на три натпревари, а одбраната на гостинот има примено само еден погодок.
Статистика за почит, но и најава за неизвесна мега пресметка на двате екипи кои се први фаворити за местото кое води во Втора лига. Двете екипи имаат отворени амбиции и вложија многу со што се потврдуваат нивните високи амбиции.
Задолжен за правдата ќе биде Никола Костенчев од Скопје, а преносот на спортскиот канал М Нет Спорт ќе започне во 15 часот.