
По повод 5 октомври Денот на училителот на Факултетот за образовани наукипри УГД Штип се организираше стручна трибина на тема Комуникација меѓу образовните, културни и други институции за да се интезивира соработката меѓу науката и практиката. На трибината меѓу другото се зборуваше и за авторитетот на учителот, како и неговата функција некогаш и денес.
„Ми се чини дека авторитетот на учителот како да го нема, како да се изгуби некаде.Токму овде ќе може да се пронајде нешто како да го вратиме. Функцијата е таа – тој има улога да научи некој нешто, ама начинот на кој го прави тоа е го менува развојот на техниката и технологијата. И сега кога веќе се унапредува технологијата во нашето секојдневно живеење нормално дека ќе се рефлектира и во образовниот процес. Проблем е што ние и служиме на технологијата, а не таа на нас. “ – вели Мирасчиева.
Една од целите на трибината беше и да се подигне безбедноста на училтелот впрочеми на сите вработени во образованите установи. Тешко е да се биде учител во денешно време, вели Кавраков ама целата е децата да научат да газат по вистински стапки.
„Во денешно време знаеме дека не е едноставно да се биде наставник според сите програми кои ни ги нудат од МОН, ама сме задоволни што конкретново нашиот град постои и Факултетот за музичка уметност со кој имаме соработка.“ – вели Кавраков.
Важна улога игра и домашното воспитание се потенцираше на денешната трибина, децата од мали нозе треба да научат да го почитуваат и со авторитет да гледаат во учителот.
Лаура Стојанова М-Нет