Пензионерите од Свети Николе подготвени за утрешниот протест во Скопје, повикуваат на масовност

Пенионерите од Свети Николе и денеска изглегоа на улица во знак на протест со цел исполнување на нивните барања. Потенцираа дека се подготвени за утрешниот голем протест во Скопје пред Влада. Не остапуваат од барањето за линеарно покачување на пензиите од 3500 денари, како и зголемување на најниските пензии.

„Не отстапуваме од линеарното покачување на пензиите од 3500 денари на секој пензионер во Македонија. Овие се текстилни работници кои работеле по повеќе од 9 часови, а платени им биле едвај 6. Затоа бараме на 1 октомври да нема пензија под 20 илјади денари.“ – велат пензионерите.

Децидни дека на ваков начин се случува најостриотгеницид во државата, дека се уништуваат оти се оставени без пари. Упатија повик до сите пензионери од Свети Николе, но и од цела државнба масовно да излезат на протест за да успеат да ги добијат своите права. Орагнизиран беспалтен превоз ќе има и од Свети Николе.

„Како може они за нив да си донесат одлука за покачувањеод 78% , а нас Тренчевска да не лаже дека за нас не било законски.“ – додаваат тие.

Какви предлози ќе се понудат за решавање на проблемо со пензиите ќе се знае до крајот на месецот истакна вчера министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска од Пробиштип. Додаде дека пензионерите се приоритет заминистерството и се работи на изнаогање соодветно решение.

Лаура Стојанова М-Нет