
Изминатиов период во општина Кочани се уредуваа тротоарите на дел од улиците „Маршал Тито“ и „Страшо Ербапче“ на најпрометните зони во градот – во близина на Поштата и Градската болница.
Со реконструкцијата старите оштетени слоеви на тротоарите беа заменети со бекатон плочки, а старите улични рабници со нови. Од стручните служби велат дека поради ниската сообраќајна култура, при уредувањето на тротоарите поставени се повисоки рабници.
Целта е да се олесни движењето на пешаците од непрописно паркираните автомобили, односно, да се намали можноста за злоупотреба на овие површини.

При градбата е земана предвид и пристапноста за детски и инвалидски колички, за што е применет слободен приод.
Од Општина Кочани најавуваат уредување на тротоарите во близина на детска градинка која е во изградба, со намера околината на тој капитален објект да добие урбана димензија.

Овие активности предвидуваат уредување на 3.400 метри квадратни тротоарска површина.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет