
Денес беше комплетирано 6. коло од Првата лига со дуелот меѓу Струга Трим Лум и Тиквеш во меч каде шампионот со 3:1 стигна до втор сезонски триумф.
Стружани се враќаат на домашните обврски, откако во плеј-офот загубија и останаа без “европска виза”.
Дуелот започна со подобра игра на домаќините кои брзо го отворија резултатот за водство од 1:0 со голот на Радески. Веќе во 21. минута Бесарт Ибраими од белата точка погоди за 2:0.
Струга брзо дојде и до 3:0 со втор гол на Ибраими кој ја смести топката во мрежата на Тиквеш со глава. Пред крајот на првиот дел Ибиши ги постави конечните 3:1. Во вторниот дел мрежите мируваа, а се играше помирна игра.
Двете екипи беа со играч помалку на теренот. Кај домашните беше исклучен Малиќи, а кај гостите Вареловски.
Стружани имаат уште три одложени натпревари кои треба да ги одиграат во вонредни термини.