
Гледачите денес ќе имаат ексклузивна можност преку спортскиот канал М Нет Спорт во живо да го проследат дуелот меѓу Башкими и Беласица кој се игра во Куманово во рамки на 4. коло од Втората лига.
Башкими зема одличен залет и има три од три на стартот од сезоната. Беласица во Куманово ќе има тешко гостување, па за струмичката гордост и реми ќе биде позитивен резултат. Беласица има два порази и еден триумф по првите три натпревари.
Главен судија во Куманово ќе биде Крумислав Ѓоргиев од Штип, а преносот ќе започне во 16 часот.