Полнети пиперки само за празник – бабурките по цена од 100 денари за килограм

Полнетите пиперки ќе бидат луксуз оти на пазарот во Штип денеска бабурките беа со цена од 100 денари за килограм. Покачена беше и цената на доматите оти ги има се помалку, но како што велат продавачите раздвиженоста е задоволителна оти од деенска почна испалата на пензии.

„Денеска од сабајле послабо имаше раздвиженост. Цените како претходниот петок, покачена е цената на доматите само“ – велат продавачите.

За купувачите цените се релативни односно исти како и претходниот петок.

„Релативно, како и секој пазар таа е цената – стандард. Јас сум љубител на овошје, го обожавам и тоа купуваме.“ – велат купувачите.

И денеска најмногу се бараа сезонското овошје и зеченчук.

Лаура Стојанова М-Нет