
Со пригодна манифестација, игра и песна, основните училишта во Штип ги пречекаа првачињата. Училишното ѕвонче го означи почетокот на учебната година за учениците кои за првпат седнуваат во училишните клупи. Втора година по ред, за првооделенчињата се обезбедени ранчиња, маички и училишен прибор.
„Втора година по ред заедно со општествено одговорни фирми обезбедивме училишен прибор и училишни анатомски ранци за сите првачиња, за сите дечиња коишто за првпат ќе го започнат образованиот процес. Им посакувам топло добредојде во училишните клупи, пва е нивни втпр дом. Тоа се дефинитивно идните наши доктори, правници, инженери кои ќе го градат развојот на нашиот град.“ – вели Јорданов.
Над 120 дечиња ќе седнат во училишните клупи во ООУ „Ванчо Прке“ во Штип, распоредени во шест паралелки.
За старт на учебната година се е подготвено и во ООУ „Тошо Арсов“. Овде учебната година ја започнуваат 74 првачиња.

„Запишани првачиња во нашето училиште имаме вкупно 65 во централното, 7 ученици во подрачното училиште во населба Македонка и две првачиња во село Почивало. Се е подготвено од утре може да почнеме со првиот училишен ден“ – додава Харизанов.
Пигодна манифестација подготвена за идните првачиња имаше и во ООУ „Димитар Влахов“ како и во остантите училишти на територија на Штип.
Лаура Стојанова М-Нет