Мицкоски од Берово: Ќе инвестираме во земјоделството да се развива како пред неколку години

Пченицата во Пелагонија се продава по ниска цена, скапуваат праските во Росоман, лоша е ситуацијата со јаболкото во Ресен, како и со оризот во кочанско. Ова го констатираше лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој од Берово посочи дека аларамантно е и мора да се најде начин за да им се помогне на земјоделците во вакви моменти.

„За земјоделците не важи, не важи за земјоделците од Пелагонија кои не можат пченицата да ја продадат по онаа цена која треба, во Росоман кајсиите и праските скапуваат заради наводнителниот систем, ниска е откупната цена за раноградинарските производи,катастрофална е состојбата со јаболкото во ресенско, со оризарите исто така, проблеми има со системот за наводнување во Истокот.“ – вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека како претходно така и во иднина, ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да се грижи за земјоделците и земјоделието да продолжи да се развива како пред неколку години.

„Она што е добро во целиот овој процес е што за неколку месеци од денеска Владата на ВМРО ДПМНЕ како и во минатото такаи во иднина ќе се занимаваме со земјоделците и ќе инвестираме во земјоделството“ – додава Мицкоски.

Децидно одговарајќи на новинарско прашање истакна дека најважно е да се развиваат земјоделските гранки за да не се соочиме со недостиг на храна.

Лаура Стојанова М-Нет