
Детонит Плачковица одигра убедливо на “Железарница” каде со 1:4 го декласираше Скопје во меч од 2. коло од Втората лига.
Радовишани предводени од младиот штипски стратег Иван Варадиновски одиграа квалитетен меч и покажаа моќ. Гледачите на телевизија М Нет имаа ексклузивна можност да го следат во живо овој натпревар.
Александар Смилков уште во 14. минута погоди за 0:1 и го отвори ланскиот прволигаш.
Во вториот дел Марио Несторовски во 71. минута израмни на 1:1 со гол од пенал.
Новото засилување Андреј Кудијан ја стресе мрежата на “пиратите” за ново водство од 1:2 за радовишани во 80. минута.
Шест минути подоцна повратникот Оливер Христов зголеми на 1:3, а веќе во 89. минута Амир Фејзуловски ги постави конечните 1:4.