И пензионерите од Истокот на протест во Скопје ги искажаа своите барања

Пензионерите од државата денеска организирано излегоа на протест пред Министерството за труд и социјална политика. Бараат линарно покачување на пензиите за 3.500 денари, утврдување минимална пензија. Поддршка дадоа и пенизонерите од Истокот.

„Среќно македонски пензионери! Со рударското среќно, пробиштипските пензионерии го поддржуваат овој праведен и оправдан протест за подостоинствен живот на македонските пензионери.“ – велат пензионерите од Пробиштип.

Работа по повеќе од 40 години за денеска едвај да сврзуваат крај со крај. Да живеат достоинствено и онака како што заслужуваат побараа пензионерите на денешниот протест.

„Па не сме ние социјална категирија, 40 години работевме. Сега треба да живееме како човек, а не како на куче да му фрлете коска од 6%.Која е таа умна глава??“ – прашаа пенизонерите од Свети Николе.

Ако не се слушнат и исполната нивните барања протестите продолжуваат, децидни се пензионерите.

„Ние сме единствени во тоа, зголемување на пензиите по 3.500 денари, ние денеска овде не сме од старост – лудост, туку од старост – гордост.

Протестот на пензионерите започна пред две недели кога се најави покачувањето на пензиите за 6%. Во повеќе градови во државата се собираа потписи за да потврдат нивните барања и да се реализираат истите.

Лаура Стојанова М-Нет