
По повод 28 август „Успение на Пресвета Богородица“ и Денот на рударите традиционално во Пробиштип ќе се организира турнир во мал фудбал.
Веќе се познати сите учесници и групи, како и распоредот.
Што се однесува до наградниот фонд за прво место е предвидена парична награда од 70.000 денари, за второто место следува парична награда од 30.000 денари. Што се однесува до индивидуалните награди, за најдобар голман е предвидена парична награда од 2.000 денари, а по 2.000 денари ќе добијат и оние кои ќе ја освојат наградата за најдобар стрелец и најдобар играч.
Турнирот започнува утре во 18 часот, а ќе бидат одиграни четири натпревари.
Телевизија М Нет ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан кој се одржува во Пробиштип.