Потребна е помош за малиот Љупче да се лекува во Турција

Љупче има 4 години и е роден со кифосколиоза (искривување на ‘рбетот за околу 45°) пропратенa со други коскени малформации. За жал, искривувањето се влошува секојдневно и за да се запре потребни се неколку хируршки интервенции. Истите не можат да се изведат во Македонија, поради што мора да се оперира во Турција. Неговото семејство финансиски не е во можност да ја собере потребната сума и, како што е вообичаено и пракса во Македонија, за жал, исти се приморани да ги собираат на овој начин т.е. преку донации.

Затоа се упатува апелот – кој е во можност да помогне и на да придонесе за да може Љупче да расте и да има детство како и сите други дечиња.

Број на трансакциска сметка: 240137118551584 Љупче Горгиев – Уни Банка

IBAN: MK07240137118551584

SWIFT/BIC: UIBMMK22XXX

Броеви за донација: Телеком – 143141; А1 – 143482

Наскоро ќе има и линк од GoFundMe.