Уништен тоалет, вандализам на реквизитите – штипјани реагираат на граѓанската некултура

Јавниот тоалет во штипската населба Осми ноември повеќе не може да се користи, детските реквизити, пак, се со оштетувања. Иако се поставени неодамна, веќе може да се види дека се мета на вандализам. Жителите на населбата, кои често поминуваат од овде, се свесни оти сѐ е до културата на народот. Велат, оштетуваат и кршат и младите и повозрасните. Решението го гледаат во едукација, но и поголема свест кај луѓето или, пак, поставување камери за да може да се види кој уништува и соодветно да се санкционира.

Штипјани долго време бараа и иницираа поставување јавни тоалети во градот. Но ова не е прв ваков јавен тоалет кој веќе и не може да се користи поради тоа што е вандализиран од страна на граѓаните. Апели се испраќаа неколкупати, а надлежните немаа во план да постават чуварска служба доколку сами ги чуваме. Грижата и одржувањето на јавните тоалети е обврска на ЈП „Исар“, а нивното поставување на четири локации во градот е со финансиски средства од општинскиот Буџет. За жал, искршени клупи детски реквизити и јавни тоалети е сликата на повеќе локации во градот.

Ребека Спасова М-Нет