
На 06.08.2023 во 10.16 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип – Злетово, кај место викано „Леговец“ настанал пожар во патничко возило „лада нива“ со скопски регистарски ознаки во движење, кое го управувал В.Д.(55) од Злетово. Притоа, со повреди се здобил возачот В.Д.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип, а увид извршила екипа од ОВР Пробиштип.