„Хероите живеат вечно“ – откриена спомен бистата на Влатко Петров во село Чардаклија

„Децата ни ги нема, ама овоа останува успомен за децата кои загинаа, млади војничиња, млади деца загинаа за оваа наша држава“ – вели мајката на Петров.

По 22 години од трагичната смрт на младиот Валтко Петров, во неговото родно место се откри спомен обележјетото – бистата која ќе сведочи за еден млад загинат војник кој својот живот го дал за слободна Македонија. Вчеравечер во Чардаклија, со пригодна манифестација се одбележа празникот Илинден, а свечено се откри и бистата на Петров. Болката останува иста и денеска вели неговата мајка, ама е благодарна за направеното и за можноста бистата на Петров гордо да стои во Чардаклија.

„Благодарна сум како мајка и јас сум горда што сум исчувала војник што ја бранеше нашата држава. Болката не се ублажува, меѓутоа мило ми е што овоа се направи за идните генерации да знаат дека тука личност е постојала.“ – додава Петрова.

На настанот по откривањето на бистата, цвеќе положија преставници од Локланата самоуправа, политички партии, делегации, здруженија и пријатели. Спомен бистата е изработена од Далибор Николовски во соработка со здружението на граѓани Влатко Петров од Чардаклија. ѝ

Влатко Петров е роден на 23 јули 1977 година во Чардаклија. Средно образование завршил во Штип. Бил убиен на 3 мај 2001 година.

Лаура Стојанова М-Нет