Благодарение на Александар од Штип, Кире и Марина од Кочани добија храна, облека и лекови

Хуманоста повторно покажана на дело. По сториите на М-Нет телевизија за лошата здравствена и финансиска состојба на Кире и Марина од Кочани, граѓаните се кренаа на нозе. Благодарение на хуманитарецот Александар Горгиевски и неговата огранизација Подај рака спаси живот, Кире доби храна, облека, лекови и најнеопходни работи за наредните два до три месеци. Среќата во неговите очи неизмерна, бара да се реши уште неговиот станбен проблем.

„Храна, лекарства, имам обувки, маици се е обезбедено што ми недостасуваше во мојот дом. Највеќе исхраната и лекарства ами беа најважни“ – вели Кире.

Не само луѓето на нозе да се кренат и институциите, порача Горгиевски од Кочани, апелирајќи да му се врати социјалниот стан на Кире.

„Апелирам до кочанскиот градоначалник овој човек за десет до 15 дена останува на улица. Залудно е се што ние направивме ако не му се врати станот.“ – апелира Горгиевски.

Од средствата за Кире помош доби и Марина. Со солзи во очите искажувајќи ја својата благодарност вели дека ова е првпат некој да ја посети и да и помогне.

„Прв човек кој дојде да ме посети, да ме види и да ми помогне, а средствата беа наменети за Кире. Одвои нешто и за мене и многу му благодарам“ – вели Лазаров.

Апелот и овде останува ист, секој кој е во можност да помоге, со цел да не се дозволи во 21 век граѓани да останат без храна и лекови.

Во оваа прилика Горгиевски им се заблагодари на сите граѓани кои придонеле за да се реализира денешната акција во која најнеопходните работи ги добија и Кире и Марина.

Лаура Стојанова М-Нет