
Во сезона на годишни одмори граѓани во Штип велат може да си дозволат само неколку вечери. За подалечна дестинација додаваат дека штеделе цела година за да одморат неколку дена. Сепак, согласни се дека треба да се замине на одмор и дека неколку дена треба да си дозволат да заминат некаде. Главен проблем се финансиските средства, но додаваат дека за на пример две вечери во Охрид пари може да се обезбедат.
Од агенциите велат дека и покрај економската ситуација во државата, граѓаните бараат да поминат поевтино, ама да заминат на одмор. Младите во топ сезона од 15 јули до 15 август, повозрасните во јуни и септември. Годинава едно четирчлено семејство треба да издвои најмалку 600 евра за одмор во Грција или 1700 евра за одмор во некоја подалечна дестинација.
„Во Турција со чартер, Кипар или Тунис би било околу 1700 евра па нагоре, во Грција некаде околу 600 – 700 евра. Колку се поголеми апартманите толку е повисока и цената.“
Најбарани аражмани има за во Анталија, Турција, годинава Кипар и Тунис. Ова не е новитет бидејќи како што велат од агенциите тоа се омилените дестинации на граѓаните. Поблиску интересот е голем за вториот крак во Грција.
„Како и секоја година и оваа година Анталија и Турција претежно, нова дестинација ни е Кипар и Тунис. Сите тие дестинации се бараат не може да се издвои една. Покрај економската ситуација во државта луѓето си бараат поевтини аражмани и одат на одмор.“
Чисти апартмани, трансфер и најчесто појадок и вечера се барањата на граѓаните кои сакаат да заминат на одмор оваа година. Ова како пракса стои и од претходните години кога се барало место плус да се замине неколку дена на летување.
Лаура Стојанова М-Нет