Нема веќе ризик доматот да достигне цена од 100 денари, цените пониски, побарувачката намалена

Праската, но и останатите овошки и денеска беа најатрактивни на штипскиот пазар. Продавачите иако многу вложуваат за производство, сепак евтино ги продаваат. Инаку, велат, ќе останат непродадени оти речиси и да нема кој да ги купува. Цената затоа значително ја намалуваат и во текот на еден ден – од 80 на 60 и од 60 на 40 денари за различни сорти на праска.

Ниска е цената и на доматот. Ризик нема да се продава и по цена од 100 денари, како што се најавуваше пред две недели. Производителите велат – времето е топло, па зрее нагло и има доволни количини. Главно, задоволни се од побарувачката на раздвижениот ден.

Дека цените се пристапни се согласуваат и купувачите. Периодов најмногу купуваат овошје и зеленчук за салата. Иако се согласуваат дека секој џеб е различен, посочуваат дека секој може по нешто да си дозволи.

Продавачите посочуваат дека засега не се очекуваат повисоки цени на овошјето и зеленчукот. Производство има доволно, ама побарувачката е намалена со растот на дневните температури.

Ребека Спасова М-Нет