
Започна асфалтирањето на улицата Цветан Димов во штиспката населба Кадидаре. Откако претходно се работеше на промена на водоводната мрежа денеска се започнаа активности за нанесување на асфалт. Освен на улицата Цветан Димов се работи и на Личка и Борко Талев, каде во пмоментот се извршуваат активности под земја, а во наредниот период ќе се пристапи кон нивно асфалтирање. Со ова се решаваат проблемите на граѓаните кои живеат во едно од најтесните грла во Штип.
„Започнуваме со активности, со реконструкција на постоечката инфраструктура во едно од најтесните грла во нашиот град, во населбата Кадидаре. Ги опфаќаме улиците Личка, Цветан Димов и Борко Талев. На дел од овие улици веќе се работи на промена на подземната инфраструктура, на водовод и канализација. Повеќе од три милиони денари инвестиравме во промени на водоводните и канализациони мрежи на овие улици кои со години наназад биле застарени.“ – вели Јорданов.
Над шест милиони денари Општина Штип одвои пари од сопствениот Буџет за реконструкција на овие три улици, како за асфалтирање така и за промена на водоводната мрежа. Јорданов посочи дека парите на граѓаните се враќаат назад кај нив.
Граѓаните кои живеат овде повеќе децении велат улицата не била во добра состојба. Оптимисти се дека со реконструкција на истата ќе се подобри инфраструктурата во овој дел од градот.
Во Меѓувреме се работи на терен и на неколкуостанати улици во повеќе населби на територија на Штип.
Лаура Стојанова М-Нет