Тренерот Аксентиев си замина, во Осогово нема ни топки за тренинг, реакција на управата!

Пред пет дена кочанскиот второлигаш ги започна подготовките за Втората фудбалска лига, но шефот на стручниот штаб на Осогово, Ефтим Аксентиев си поднесе неотповиклива оставка.

На прес-конференцијата што ја одржа, сега веќе поранешниот тренер како причина за поднесената оставка акцентот го става лошите услови за работа на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, немањето на услови за тренинг, како немање на топки и риквизити.

Осогово по две години се врати во ВМФЛ, откако го баражот загуби со 6:1 од Тетекс, во ждрепката за поразените екипи имаше среќа и се врати во ВМФЛ.

“Одлучив и јавно обелоденуван дека повеќе не сум тренер на екипата на Осогово. Пред почетокот на првенството во разговор со двајцата претседатели Александар Андов и Перо Георгиевски ветуваа дека Осогово ќе биде стабилен второлигаш со сите потребни елементи. Ветуваа многу работи и затоа закажав прозивка на петти јули.

Ден претходно отидов на стадион, а таму беше вистински хаос. Терен неискосен, соблекувална хаос, опрема нема, потребни реквизити нема, топки нема. Разговарав посебно со претседателите на клубот кои ветуваа дека за два дена тоа ќе се среди. Прозивката ја закажав за в сабота. Отидов на стадион, се сретнав со тренерот на женскиот клуб Оливер Јовановски, кој ми даде девет топки за да ги почнам подготовките. За жал состојбата во соблекувалната и со реквизитите беше иста.

Вчера на тренингот дојдоа два тројца нови играчи кои ниту ги знам, ниту ги познавам. Ми беше ветено дека кои играчи мисланм јас, тие ќе бидат доведени во Осогово. Доставив список на потребни играчи до претседателите на клубот, но без мое знаење и информирање тие преговараа и донесаа играчи по нивни потреби и желби. Од сигурни извори имам информации дека додека ги спремавме подготовките, зад мој грб тие веќе барале тренери од други градови за моето место“, рече Аксентиев.

Соопштението од управата на ГФК Осогово го пренесуваме во целост:

“Да почнеме од почеток. Најпрво досегашниот тренер Ефтим Аксентиев нема ниту една фудбалска лиценца за да може да биде шеф на стручен штаб почнувајќи од Ц,Б,А-која е потребна за втора фудбалска лига и ПРО лиценца, а со самото ова тој не ги исполнува условите за да биде назначен за шеф на стручен штаб на ГФК Осогово, а тоа ни го отежнува и лиценцирањето на клубот за да добиеме ,,виза”дека ги исполнуваме условите како клуб за да се натпреваруваме во втората фудбалска лига. -Второ да не заборавиме дека ГФК Осогово не влезе во вторта лига како победник од бараж натпреварот кој го игравме иако имавме екипа со најскапи играчи од сите екипи кои се натпреваруваа во сите региони на Третите лиги во тековната сезона, напротив тоа од екипата на ФК Тетекс изгубивме со висок резултат (6:1) а ние како клуб влеговме по пат на ждрепка и среќата која ја имавме како клуб на таа ждрепка.

Трето кога разговараме за тоа да Аксентиев остане и понатаму шеф на стручен штаб јасно му беше предочено колкав е буџетот на клубот, условите и можностите кои ќе се доволни за нашите амбиции (опстанок во втората фудбалска лига и пласман кон средината на табелата) Му беше дадена слобода да влезе во процесот на избор на играчи да ги одреди, а ние како управа да му помогнеме во процесот на тие трансфери за да бидат донесени играчите кои тој ги посакува. Околу условите кои беа побарани ако не беа исполнети немаше ниту да се започне со тренажен процес , а нашиот до сегашен тренер ги започна подготовките што значи се сложувал со условите кои ги има, а се нормални за клуб кој се натпреварува во втората фудбалска лига Несогласувањата со Аксентиев настанаа, откако тој има проблем со физичкото присуство на тренизите кои се попладне, бидејки два дена во неделата тој има работни обврски и истите не може да ги води, а со тоа се нарушува континутетот на работа и дисциплина на тренинзите. И покрај се ние сме му благодарни на се што има направено Аксентиев за ГФК Осогово и како играч и како тренер до сега и му посакуваме пред се професионален развој па потоа успешна тренерска кариера.

Ние како клуб веќе разговараме со неколку искусни тренерски имиња и потецијални кандидати за шеф на стручен штаб на клубот, после разделувањето со Аксентиев и во наредните неколку дена ќе го објавиме името на тренерот кој ќе го предводи нашиот градски клуб во иднина додека до тогаш помошниот тренер Јоже Јованов ги одржува тренизите со нашите играчи што значи тренажниот процес не трпи во моментот.

ГФК Осогово е клуб на секој граѓанин на Општина Кочани и никој не е над клубот затоа треба заедно мотивирани да продолжиме да работиме во интерес на нашиот градски миленик” се вели во реакцијата на управата на ГФК Осогово.