Непозната болест го уништува оризот во кочанско, 80% од површините веќе се зафатени – се бара спас

Речиси 80% од оризот во кочанскиот дел е исушен, а површините се зафатени со болест која за оризопроиводителите сѐ уште е непозната. Велат дека оваа болест кај оризот се појавила претхондната година, а сега површините се уништуваат на големо. Бараат од земјоделскиот институт да излезат на терен и да утврдат за каква болест станува збор за да можат понатаму да реагираат и да го спасат своето поризводство.

„Појави се болест, да дојдат од Институтот да видат за каква болест станува збор. Болеста се појави лани, оваа година речиси на 80% површините се зафанати со болест. Не знаеме каква болест е таа, почна да се суше оризот и гине, цели површини почнаа да се расипуват.“ – вели Арсов.

Од една страна болеста на ориозот, од друга страна производната цена на јачменот и пченицата – земјоделците од кочанско велат се ставени во неизвесна ситиација. Деновиве треба да биде готова производната цена на јачменот и пченицата, и да се достави до ресорното министерство. Со откупна цена од 8 , 9 денари исплатливост нема па во игра е и одлуката за генерален штрајк.

„Производната цена без 20 денари нема логика да биде. Земјоделието го оставаат во таква состојба да идната година нема да имаме леб, ќе трпеме за храна. Доколку не добиеме производна цена ние ќе стапиме во генерален штрајк. Откупот е 9 денари на пченицата, 8 денари на јачменот.“ додава Арсов.

За производната цена на јачменот земјоделците потенцираа уште од претходно дека е премногу ниска. Дополнително поплавите уништија голем дел од житарките, па велат ако не се преземат соодветни мерки, во наредните години може да станеме увозно зависини.

Лаура Стојанова М-Нет